Боб Вудворд и Карл Бернштајн, најпознатите репортери во историјата на Вашингтон Пост, го изнесоа своето мислење за продажбата на весникот кој сега е во рацете на Џеф Безос, основачот на Амазон.
Двајцата, заедно со уредникот Бен Бредли и издавачот Кетрин Грем, се синоними за најславните денови на Вашингтон Пост за известувањата при аферата Вотергејт.
И двајцата велат тажни се што завршува династијата на фамилијата Грем.
„Тажно е“, Вудворд изјави за „Дејли Бист“.
„Од лична перспектива, се разбира дека многу сентименталност има во овој момент, соодветна тага, тоа сигурно“, вели Бернштајн во соопштение испратено до „Вол Стрит Џурнал“.
Но Вудворд и Бернштајн исто така се оптимисти за иднината на Пост во рацете на милијардерот.
„Доколу постои некој кој би успеал, тоа е Безос“, вели Вудворд. „Тој е основач, има пари и трпение, така што ќе видиме. На некој начин мислам дека ова би можела да биде последната шанса Пост да преживее, барем да се врати во некоја претходна форма“.
Бернштајн вели на големо се надевал за купувањето од страна на Безос.
„Џеф Безос ми се чини дека е токму потребниот иновативен избор потребен за да ја врати посветеноста кон вистинското новинарство во размери за кои многумина од нас се надеваа – воспоставувајќи ги сите потребни механизми од старата и новата ера за големи достигнувања“, напиша тој.
***
На оваа слика од 7 мај, 1973, репортерите Боб Њудворд и Карл Бернштајн, чии известувања за аферата Вотергејт им донесе Пулицерова награда, седат во канцеларијата на печатениот медиум, Вашингтон Пост.
На оваа фотографија од 1975, Кетрин Грем им се обраќа на вработените во редакцијата кратко пред почетокот на штрајкот на печатарите против весникот.
На оваа фотографија од 2008 година, се гледа логото на Вашингтон Пост на својата зграда. На 5 август, 2013 година, Пост објави дека весникот е продаден на основачот на Амазон, Џеф Безос.