Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денеска ја напуштија седницата на Советот на Град Скопје во знак на протест против притворањето на учесниците во насилствата во СОбранието од 27 април.
-Тие се жртви на одмазда и не се виновни за ништо. Бараме сите притворени веднаш да бидат пуштени на слобода, се вели во соопштението.
-Во ова време се испишува најцрната страница во историјата на македонскиот народ и на македонската држава. Ова е време во кое се врши терор и насилие врз граѓаните и врз институциите, заплашување, закани, притисоци и уцени од големи размери, бркање од работа и повреда на елементарните човекови права, обвинуваат советбниците од опозициската ВМРО ДПМНЕ и додаваат дека се работи за „монтиран монструозен случај на политички прогон на 36 лица за најтешко кривично дело против државата Терористичко загрозување на Уставниот поредок“.