НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Лекарката Елка Масин се самоубила, нема траги од насилство

3
By Нова ТВ on January 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заврши истрагата за смртта на 53 годишната Елка Масин, позната лекарка од Клиниката за нефрологија и професорка од Медицинскиот факултет која беше пронајдена мртва во незиниот дом со убодни рани по телото

Смртта на лекарката Елка Масин настанала од самопровредување, односно таа сама си го одземала животот, потврди за НОВА Основното јавно обвинителство. Истрагата покажала дека врз телото на лекарката која беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во скопската населба Капиштец,  нема други траги од физичко насилство, ниту од борба. Со тоа истрагата е завршена, а ОЈО смета дека нема место за јавно обвинителска интервенција во поглед на смртта на  починатата лекарка од Клиниката за нефрологија.

„Писмениот извештај и мислење од извршената обдукција на починатата, доставен од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје упатуваат на тоа дека врз телото на починатата нема други траги од физичко насилство, ниту од борба. Утврдено е дека сега починатата сама се лишила од живот, односно дека раните настанале од само повредување.

По прибирање на севкупниот материјал и негова анализа,  траги од лице место на настанот, извештаи од многубројни вештачења, обдукцискиот протокол како и дополнителните вештачења, вештачењето на  ДНК трагите,  снимките од видео надзорот од околните објекти, изјави од сведоци и од сослушувања на лица,  надлежниот јавен обвинител утврди дека нема елементи на сторено кривично дело поврзано со смртта на сега починатото лице. Од тука, јавниот обвинител донесе Резолуција со која е констатирано дека доказите поврзани со овој кривично правен настан не упатуваат дека е сторено кривично дело“, се вели во одговорот од Обвинителството.

Од ОЈО  објаснуваат дека по извршениот увид на лице место, по наредба на надлежен јавен обвинител биле обезбедени траги од лице место врз кои било извршено вештачењето.

„Извештаите од вештачењето, меѓу другото,  укажуваат на тоа дека не се пронајдени траги од  ДНК од други лица на местото на настанот, односно  не е пронајдено присуство на друго лице кога настапила смртта кај сега починатата.

Надлежниот обвинител изврши испитување на лица кои со својот исказ дадоа податоци потребни на истрагата. Извршен е разговор со сопругот на сега починатата кој го пронашол телото. Извршена е проверка на неговото алиби, како и анализа и вештачење на гардеробата кој ја носел, која согласно видео записите ја имал на себе на денот на настанот. По извршените анализи е утврдено дека истиот не бил присутен во моментот кога настапила смртта кај сега починатата“, се вели во одговорот од ОЈО.

Познатата 53 годишна лекарка и професорка на Медицинскииот факултет беше пронајдена мртва на 9 мај минатата година, со повреди од нож. Повредите биле во пределот на рацете каде што и биле исечени вените, а имала и убодна рана на вратот.Телото на лекарката во нејзиниот дом го пронашол сопругот кој повикал брза помош. Засега случајот се води како незнаена смрт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.