Новинарката од Би-Би-Си, Кери Грејси – уредничка за Кина во регионалното биро на телевизијата во Пекинг, најави дека ќе поднесе отказ од функцијата во знак на протест поради разликите во платите помеѓу мажите и жените во теливизијата.
Грејси, која работи во Би-Би-Си 30 години, изјави дека не може да ја врши работата на високо ниво, додека се бори со шефовите за еднаквост на платите помеѓу мажите и жените.
Таа го наведува примерот на четворица меѓународни уредници во Би-Би-Си, од кои двајца мажи кои земаат дури 50 проценти повисоки плати од колешките.
Грејси ќе се врати на старото работно место во дескот на Би-Би-Си, каде се надева дека же има иста плата со колегите.