НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родилка почина при породување во привaтна болница

7
By Менче Атанасова Точи on January 20, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Родилката, 31 годишната Дебора Џамбази починала во четвртокот при породување со царски рез, дознава НОВА од лекарски извори. Младата жена, познат стоматолог од Кичево на која ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет, отишла да се породи во приватната болница Санте Плус (каде што не била лекувана или следена претходно)и при вовед на целосна во анстезија со царски рез при ставање на тубусот и се зaтвориле дишните патишта при што не можела да дише.

Информацијата ја потврдија во болницата Санте Плус од каде велат дека најверојатно станува збор за силна алергиска реакција од анестазијата. Лекарите кои ја породувале направиле се за да ја спасат, час и половина се обидувале да ја вратат во живот и да ги ослободат дишните патишта. Младата жена добила застој на срцевата работа при што бил употребен и дефибрилатор. По половина час борба за да се спаси животот на жената лекарите го извадиле бебето кое исто така останало без кислород. По обидот за реанимација на тимот од Санте Плус, младата родила со возило била однесена на КАРИЛ. Раководтсвото на болницата за НОВА тврди дека жената не починала во Санте Плус, туку во КАРИЛ.

„Имаше срцева акција кога ја однесовме во КАРИЛ. Тимот од лекари кај нас дадоа се од себе за да ја реанимираат, но безуспешно и затоа ја однесовме таму. Таа е прворотка и сама потпишала да прими целосна анестезија иако и била понудена опцијата за спинална, односно само за половина дел од телото“, изјавија за НОВА и од раководстсвото и од екипата на лекари во Санте Плус.

Но, тимот кој што ја примил родилката во едницата за интензивно лекување и реанимација(КАРИЛ) е дециден е дека жената била донесена мртва. Тие велат дека не знаат што се случувало во приватната болница, ниту по пат од болницата до КАРИЛ од каде има половина час патување заради сообраќајот.

„ Родилката беше донесена мртва, со мртовечки петихии, со проширени зеници, без срцева акција, немаше пулс,  ниту свест. Ние пристапивме во реанимација повеќе од очај. Немавме информација што с е случувало во болницата претходно, но по еден час и 10 минути се откажавме бидејќи пациентката не покажа никакви знаци на живот, во ниту еден момент“, изјави за НОВА д-р.Вања Џамбазова, една од трите лекарки специјалисти, искусни анестезилози кои биле присутни во моментот на приемот и кои ја реанимирале младата жена заедно со останатиот тим на КАРИЛ.

Веднаш потоа во попладневните часови телото било однесено на Институтот за судска медицина каде што била извршена обдукација, од каде се чакаат резулатите. Бебето итно било однесено на Клиниката за детски болести и се наоѓа во тешка состојба.

„Бебето е машко, доносено е, но кај нас е донесено во многу тешка состојба, без дишење и срцева акција бидејќи останало без кислород во организмот. Приклучено е на апарати за дишење, во моментот е стабилно, но не знаеме како ќе биде понатаму, за 24 часа ќе се види дали ќе има последици и откажување на други органи“, изјави за НОВА, др. Кети Ставриќ директорка на Клиниката за детски болести.

Младата родилка, била погребана вчера во Кичево. Таа потекнува од познато лекарско семејство, а заедно со нејзиниот сопруг имале стоматолошка ординација во овој град.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.