НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петнаесетгодишно момче почина за време на операција

4
By Менче Атанасова Точи on January 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петнаесетогодишно момче ноќеска починало при вовед во анестезија во тек на операција на Клиникита за трауматологија, потврдија за НОВА на Хируршките клиники. Момчето било донесено како итен случај со повреда на двете колена од пад на час по физичко воспитување. Смртта настапила кога му бил даден инхалационен анаестетик. Анестезиолозите тврдат дека не се работи за алегрија, туку се сомневаат дека настанала малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска мутација и во комбинација со анестетик може да настапат компликации и смрт. На Хируршките клиники објаснуваат дека момчето најверојатно ја имало ова генетско пореметување, што дополнитено ќе се утврдува во Институтот за судска медицина.

Сомнежот на лекарите дека се случила токму малигна хипертермија е според клиничките знаци, моментално распаѓање на белите дробови, а потоа и на другите органи, објаснуваат анестезиолозите.

„Нема грешка во анестезијата, ниту пак се работи за алергиска реакција туку веројатно станува збор за ненормално однесување на организмот кон анестетикот и според клиничките знаци се сомневаме дека се работи за малигна хипертермија. Тоа може да се докаже преку генетско испитување кое ќе треба да го направи и семејството заради безбедност во иднина На Хуруршките клиники каде од секоја клиника посебно има по илјадници операции годишно досега не сме имале ваков случај. Клиничките знаци се исти како што се опишани во медицинската литература“, објаснуваат за НОВА на КАРИЛ.

Во медицинската литературата стои дека малигна хипетермија се случува во еден од 15 000 случаи. Болеста се наоѓа во 19 хромозомски пар кој може да изреагира на ваков начин при одредени видови анестетици, некои стероидни мускулни релаксанти или преголем стрес. Телото на момчето е предадено на обдукција, по што ќе се знае причината за смртта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.