Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-НП: Повлечете го едностраниот Закон за бранители

0
By Нова ТВ on August 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 15, 2013 12:08

ВМРО-НП со внимание ги следи настаните околу оддавањето почит на загинатите борци од конфликтот од 2001 година во меморијалниот центар во село Слупчане од страна на висока владина делегација составена од министри од ДУИ предводена од потпретседателот на Владата на Р.Македонија г-динот Муса Џафери и истовремено сме зачудени од повеќедневното нереагирање на ВМРО ДПМНЕ.

Минатата година ВМРО ДПМНЕ на ист ваков чин одговори со жестока реакција преку партиски и владини соопштенија дури и со закани за кривична одговорност од страна на Претседателот.

Во сите нивни осуди на оваа постапка преовладуваше ставот на партијата дека со овој чин грубо е нарушено достоинството на македонскиот народ и дека ВМРО ДПМНЕ е историски предодредена по секоја цена да го брани. Дури и како одговор експресно предложија Закон за бранители и тоа по итна постапка а и со низа други несоодветни реакции ги испровоцираа и нивните коалициони партнери и сериозно ги повредија чувствата на Албанците со што ги доведоа меѓуетничките односи на работ на сериозен конфликт.

ВМРО-НП прашува што се случи за само една година за партијата ВМРО ДПМНЕ да не даде никаков коментар? Дали ова значи дека ВМРО ДПМНЕ многу лесно се прилагодува на новонастанатите ситуации во Р.Македонија кои се предизвикани од активностите на ДУИ и со молчење ги прифаќа како нормални односно ,,си легнува на брашното“?

Каде исчезна длабоката загриженост и светата должност на ,,Најмакедонската партија“ за одбрана на достоинството на македонскиот народ за кој упорно тврдеа дека е нивна возвишена цел и какви повозвишени цели се појавија годинава па го избраа молчењето како најсоодветно?

ВМРО-НП го повикува ВМРО-ДПМНЕ под итно да престане со досегашниот начин на бранење на достоинството на македонскиот народ, затоа што со нивните постапки прави поголема штета.

Оттука, ВМРО-НП апелира: ВМРО – ДПМНЕ веднаш да го повлече едностраниот Закон за бранители и да седнат со коалициониот партнер ДУИ за да предложат заеднички закон во кои ќе бидат гарантирани правата и на бранителите и на припадниците на ОНА, учесници во воениот конфликт од 2001 година. Тоа ќе придонесе за историско помирување на Македонците и Албанците и понатамошно заедничко живеење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.