НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хирургија нема лек со кој можело да се спаси животот на момчето

1
By Менче Атанасова Точи on January 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постои лек кој не значи дека ќе спаси живот но, може да помогне во ситуации како во случајот со 15 годишното момче кое почина во текот на давањето на анестезија на Клиниката за трауматологија, изјави во 24 Анализа д-р. Маја Мојсова раководител на КАРИЛ. Таа посочи дека тој лек кој не е нов, но е скап и го нема на Хируршките клиники.

„Тоа не е лек со магична моќ но, е добро да го има бидејќи може да помогне. Лекот Дантролен не е нов лек, но не е регистриран во Македонија, а многу тешко се наоѓа и во Источна Европа. Постои во студии дека може да помогне, што не значи дека ќе го спаси животот но, може да помогне во спасување и ние се уште бараме начин каде да го најдеме. Се надевам дека и тој проблем ќе се реши, можеби не треба да го има во секоја болница бидејќи е многу скап, но треба да постои некоја резерва која треба да се чува некаде во државата“, изјави Мојсова.

Доктор Мојсова најави дека е побарано да се набави тој лек после случајот со момчето кое почина од компликација по примена на анестазија, но потенцира дека тоа не зависи од лекарите туку од повисоките инстанци.

Сепак, НОВА неофицијално дознава дека пред извесно време во приватната болница Систина имало сличен случај кај три и пол годишно дете во текот на операцијата. Болницата го имала овој лек и детето било спасено. По извесно време на него му била направена уште една операција и поминало без никакви компликации, со употреба на друг анестетик.

Како што објави НОВА момчето било донесено како итен случај со повреда на двете колена од пад на час по физичко воспитување. Смртта настапила кога му бил даден инхалационен анаестетик. Анестезиолозите тврдат дека не се работи за алегрија, туку се сомневаат дека настанала малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска мутација и во комбинација со анестетик може да настапат компликации и смрт.

Директорот на Клиниката, д-р Илир Хасани, вели дека се работи за состојба што не е забележана во Македонија и во околните земји во последните две децении.

„Се појавува класична клиничка слика на состојба што ние ја викаме малигна хипертермија. Тоа можеме да го тврдиме клинички, но не можеме сè уште ниту лабораториски ниту прецизно да кажеме дека тоа е таа состојба. Се работи за една нестандардна, агресивна и многу ретка состојба на која организмот силно реагира на некои од инхалационите анестетици што се применуваат. Оваа реакција е невидена во последните 20 години не само во Македонија туку и во околината“, вели Хасани.

Тој вели дека почитуван протоколот при вршење на операцијата, како и анестезиолошките протоколи.

Министерството за здравство соопшти дека ќе направи анализа за случајот. И од таму велат дека првичните информации говорат дека станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти што имаат генетска предиспозиција.

„Целиот кадар на Клиниката за трауматологија бил максимално ангажиран во напорите да се спаси момчето. Исто така, формирана е и комисија на Клиниката, која ќе го анализира случајот и по добивање на официјалните резултати од обдукцијата, ќе ѝ се соопштат транспарентно на целата јавност. Во наредните денови се очекуваат и официјалните резултати од Институтот за судска медицина“, велат од Министерството за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.