Часовникот кој го одбројува времето до судниот ден е поместен поблиску до полноќ после година на тензии помеѓу Северна Кореја и САД, односно Ким Јонг Ун и Доналд Трамп.
Овој часовник е креиран во 1947 година кога група експерти работеа на создавањето на првата атомска бомба, процес познат како „Проектот Менхетен“.
Целта на научниците со овој часовник е да им покажат на луѓето колку блиску сме до самоуништување поради опасните технологии.
Часовникот беше поместен минатата година за 30 секунди, а сега е поместен уште за толку.
Часовникот покажува две минути до полноќ, што е најблиску од 1953 година.

Организацијата која се грижи за „проколнатиот часовник“ смета дека светот не само што е станат многу поопасен за живеење туку заканата е толку голема што се поистоветува со Втората Светска војна.
Причините за поместување на стрелките научниците ги гледаат во постојаните закани помеѓу Доналд Трамп и Ким Јонг Ун, кој има посилно дугме кое би можело да предизвика нуклеарна катастрофа и извршените пробни тестови на Северна Кореја која не почитува ниту една друга држава и затоа е речиси целосно изолирана.
Воедно причини се и тензиите меѓу Русија и САД, како и развивањето на нуклеарните програми во Индија и Пакистан.