НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР нема информации за македонски туристи во Египет

0
By Менче Атанасова Точи on August 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека српското МНР веќе формирало работна група која ја следи безбедноста на туристите и ќе интервенира при евентуално итно враќање назад, Македонската Влада досега не се изјаснила дали имаат план доколку македонски граѓани побараат да бидат вратени назад.

Во МНР сеуште немаат информации дали во моментот македонски граѓани престојуваат во Египет. Од таму велат дека нема граѓани кои пријавиле престој на повеќе од три месеци, а досега никој не побарал помош откако ситуацијата ескалира со 523 загинати и огромен број ранети.

Од одделението за односи со јавноста велат дека иако телефонските врски се отежнати, тие од утринава се во постојан контакт со амбасадорот Миле Манолев. Тој потврдил дека ниту една држава засега не ја затворила својата амбасада и покрај прогласувањето на вонредната состојба, но и дека ситуацијата е ставена под контрола со оглед на тоа што во судирите се вмешала и армијата.

-Иако ситуацијата се менува од час во час, амбасадорот се чувствува безбедно велат во МНР.

Од повеќето туристички агенции кои вчера ги контактираше НОВА потврдија дека аранжманите за Египет се откажани уште пред еден месец, кога добиле известување од Србија дека тие ги откажуваат чартер летовите.

Но, со оглед на тоа дека во моментот во Египет се наоѓаат 600 српски туристи, а утре треба да заминат уште 200, останува отворено прашањето дали можеби македонски граѓани заминале таму на одмор преку некоја од српските туристички агенции.

Српските медиуми денеска јавуваат дека и покрај тоа што се откажани повеќето аранжмани во Србија, од Туристичкиот сојуз информирале дека безбедноста на туристите кои се наоѓаат таму не е загрозена и дека постои акционен план за нивно враќање назад доколку тоа е потребно.

-Ситуацијата во Хургада е мирна и таму во моментот престојуваат од 45 000 до 50 000 странски туристи од Европа и Русија изјавил Александар Сеничиќ директор на Здружението на туристички агенции во Србија.

Во повеќето туристички агенции во државата вчера се пожалаа дека во вакви ситуација владата обично не интервенира и целиот товар околу враќањето на туристите го остава на нив, со што се губат огромни финансиски средства.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.