НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Санте плус:Двајцата анестезиолози отстранети од работа на КАРИЛ

1
By Менче Атанасова Точи on January 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајцата анестезиолози се отстранети од работи од КАРИЛ, а на едниот од нив не само што му се заканува суспензија туку ќе мора да врати и 50 000 евра на државата бидејќи специјализирал со кофинансирање

До крајот на неделата се очекува да биде готов наодот од обдукција кој треба да покаже која е причината за смртта на родилка Дебора Џамбази, дознава НОВА од извори кои го испитуваат случајот. Нашите извори велат дека се собрани изјави од сите инволвирани во случајот со родилката која почина во приватната болница Санте Плус и на почетокот на идната недела се очекува Министерството за здравство да излезе со извештај за причината за смртта на младата жена.

Двајцата анестезиолози се отстранети од работа од КАРИЛ додека не заврши со работа комисијата која го истражува случајот. На едниот од нив не само што му се заканува суспензија или одземање на лиценцата, туку ќе мора да врати и 50 000 евра на државата бидејќи специјализирал со кофинансирање, дознава НОВА од извори од Хируршките клиники.

Анестезиологот кој пред една година завршил со специјализација се обврзал со договор, десет години да работи во јавно здравство, во спротивно треба да ги враќа парите со кои му било овозможено да специјализира. Тој во тимот во Санте Плус при операцијата со царски рез бил нелегално, бидејќи немал обврзувачки договори со болницата, а не ги исполнувал ниту условите за да работи дололнително во друга болница, велат на Хируршките клиники.

Според Законот за здравствена заштита докторот кој сака да врши дополнителна дејност во друга болница мора да има договор со болницата каде што сака да врши дополнителна дејност, потоа двете болници да имаат договор меѓу себе, како и лекарот да има согласност од директорот каде што работи, во овој случај од ТОАРИЛУЦ.  

„Не можел да има договор без да знам, а јас такво нешто не сум потпишал. Ќе покренеме се што е во наша надлежност за да се испита целиот сплет на околности кои довеле до смрт на родилката“, изјави за НОВА др. Илир Хасани директор на ТОАРИЛУЦ.  .

Родилката, 31 годишната Дебора Џамбази почина пред десттина дена при породување со царски рез во болницата Санте Плус, а раководството од болницата тврди дека починала на КАРИЛ каде што ја однеле со брза помош. Извештајот на КАРИЛ пак, покажува дека жената била донесена почината. Нејзиното бебе во тешка состојба, без пулс и без дишење е пренесено на Клиниката за детски болести и се уште е на одделот за интензивна нега.

Младата жена, познат стоматолог од Кичево на која ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет, отишла да се породи во приватната болница Санте Плус (каде што не била лекувана или следена претходно)и при вовед во целосна анестезија со царски рез при ставање на тубусот и се зaтвориле дишните патишта, а анестезиологот при сите напори не успеал да ги ослободи за да може да дише.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.