Потпретседателот на срспката Владата Расим Љајиќ очекува дека нема да има потреба од воведување на контра мерки и дека Македонија ќе ја повлече одлуката со која се ограничува увозот на пченицата.
-Цефта од Македонија бара да ја повлече одлуката со која се крши спогодбата за слободна трговија и јас искрено се надевам дека тоа ќе се случи во најскоро време изјавил Љајиќ во интервју за Нови Магазин.
Србија покажа висок степен на разбирање и стрпливост за македонските проблеми и свест дека од трговската војна никој нема корист особено производителите и граѓаните на двете земји истакнал Љајиќ.
-Нема сомнение дека ќе биде политички атрактивно да воведеме контра мерки, но тоа на никој не му е во интерес. Со Македонија имаме 600 милиони евра во стоковна размена, што несмееме да го загрозиме, затоа очекувам дека проблемот ќе биде решен. Добивме ветување и ја имаме одлуката на Цефта потенцира Љајиќ.
Деновиве Српската Влада најави дека од понеделник ќе започне со контра мерките, доколку Македонија не ја повлече одлуката. Досега нема информација дека такво нешто ќе се случи.
Неодамна владиниот портпарол Александар Георѓиев изјави дека мерката ќе биде укината тогаш кога за тоа ќе се создадат услови на пазарот, но не прецизираше кога може да се очекува такво нешто. Познавачите на проблематиката велат дека мала е можноста да биде повлечена заштитината мерка, бидејќи околу 40 отсто од домашното жито не е откупено.
Доколку мерката не биде повлечена голема економска загуба ќе имаа и винариите бидејќи најголем дел од извозот на македонските вина е токму на српскиот пазар. Од Здружението на винариите за НОВА изјавија дека се во очекување што ќе се случи и дека ќе реагираат доколку во понеделник бидат воведени реципрочните мерки.