НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што носи Нимиц од Атина во Скопје

1
By Нова ТВ on January 30, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Ројтерс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сега е вистинското време да се реши 25-годишниот спор за името и има волја и на двете страни за тоа, изјави посредникот на ОН Метју Нимиц по средбата во Атина со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Оценувајќи ја средбата како конструктивна, Нимиц рече дека грчката Влада е искрена и активна во решавањето на проблемот. Постојат неколку тешки прашања, но мислам дека во Атина и во Скопје, има добра волја да се затворат.

Нимиц активностите во Атина ги започна со средба со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија.

Кумуцакос: Средбата со Нимиц не ја намали загриженоста на Нова демократија

Елиминирање на иредентизмот, име прифатено од Грците, име за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав се точките што одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија ги споменува како неопходни за решение на името.

По средбата со Нимиц, Јоргос Кумуцакос вели дека брифингот со медијаторот, за жал не ја намалил загриженоста на опозициската партија. Токму затоа, Кумуцакос, ги повтори позициите на Нова демократија.

Коѕијас: Грција подготвува спогодба во четири точки

Предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда се четирите точки на нацрт спогодбата што Грција кон средината на февруари ќе и ја достави на Македонија. Ова го откри шефот на грчката дипломатија, говорејќи за грчката државната телевизија ЕРТ.

Според Коѕијас, спогодбата која уште е во фаза на формулација, најпрво ќе и биде презентирана на грчката, а потоа на македонската влада, доколку биде прифатена ќе претставува основа за решавање на проблемот, ќе треба да добие зелено светло од парламентите на двете земји и ќе го отвори патот на Македонија до НАТО и ЕУ.

– Во оваа спогодба ќе бидат вклучени сите теми што се отворени во врска со името. Посебно поглавје за иредентизмот, но и за темите што се однесуваат на иднината на земјата, за нејзината интеграција во меѓународни организации и позитивна агенда, како можат дополнително да се развијат нашите односите, рече Коѕијас.

Фото АНА МПА

Шефот на грчката дипломатија, потврди дека медијаторот доставил пет конкретни предлози, четири имиња на македонски јазик и едно Македонија (Скопје), додека пак во однос на грчките позиции рече дека според негово мислење името треба да биде сложено со терминот Македонија, „да не биде на англиски, да биде на јазикот или јазиците на оваа земја, без превод“.

Во однос на преговорите за името, шефот на грчката дипломатија, ја повтори неговата позиција дека името вклучува седум прашања: името, употребата на името,идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците.

Никос Коѕијас објасни дека ако постои согласност од македонска страна за спогодбата, тогаш таа ќе треба да биде изгласана од парламентите на двете земји, согласно уставните одредби за одобрување на меѓународен договор.

Коѕијас рече дека за кој било договор за решение меѓу двете земји потребно е Македонија да направи уставни промени. Запрашан за тоа што би требало да се промени во Уставот, Никос Коѕијас ги посочи преамбулата и два члена, без да открие дополнителни детали.

– Кој било договор што ќе го случиме, ако не е придружен од уставни промени или ако сакате да ги кажете, прилагодувања, ќе може подоцна кој било нов премиер, од друга политичка област, да го смени. Ќе се најде во тешка позиција сегашната влада на оваа земја, ако не се смени Уставот, а склучи меѓународни договори и следната влада ќе им каже дека дејствувале противуставно, објасни Коѕијас и додаде дека владата на Заев во овој момент нема двотретинско мнозинство за промена на Уставот, а прво што треба да направи е да го отвори процесот за измени.

Грција сака пакет решение

Нема да го поделиме проблемот на делови, вели Коѕијас, со што индиректно го отфрли и предлогот на Нимиц, објавен во грчките медиуми за постепено решавање на прашањето.

Шефот на грчката дипломатија вели дека сака целосна употреба на решението, што според него значи и промена на македонските пасоши и лични карти. Овој негов став го поткрепи со примери од неговото искуство како академик и експерт за глобализација.

Без договор нема членство во НАТО

Министерот за надворешни работи на Грција не сакаше да говори за конкретни временски рокови за решение, а во однос на тоа ако не се постигне договор до НАТО Самитот, истакна дека Македонија без договор не влегуваат во Северно-атлантската алијанса.

– Процесот за НАТО не е дека ние сакаме да ги внесеме во НАТО, туку дека самите го бараат тоа. Ние во преговорите го  користиме фактот што тие сакаат да станат член на НАТО, рече Коѕијас, додека пак во однос на евентуални притисоци од трети страни, истакна дека тој има испратено порака до сите, и до ЕУ, НАТО, и до САД и Русија да не се мешаат.

Грција во 1997 го признала македонскиот јазик

Говорејќи за изведените зборови што произлегуваат од името, Никос Коѕијас, откри дека терминот „македонски јазик“ бил признат од Грција во 1997 на конференција на ОН одржана во Атина.

– Знаете кога е прифатено во ОН името македонски јазик? Знае кога прв пат беше направен договорот од страна на Грција, јазикот на оваа земја да се вика македонски? Јас ќе ви кажам. Во 1997 за време на Константинос Караманлис. Знаете каде се случи ова? Се случи на конференција на ОН организирана во Атина, откри шефот на грчката дипломатија, објави МИА.

Коѕијас: Спогодбата не е земи или остави

Спогодбата нема да биде земи или остави. Другата страна ќе има можност да интервенира со свои предлози, вели шефот на грчката дипломатија, по работниот ручек со Нимиц.

Никос Коѕијас вели дека македонската страна е запознаена со идејата, меѓутоа содржината ја разработува Атина, додека пак за временскиот рок, кусо коментира „што е можно побргу“. За нацрт спогодбата, пак, вели дека го известил и медијаторот Нимиц.

– Секако. Предлогот ќе биде наш, може да побара да ја смени цела, може да има алтернатива со нејзино решение, измени. Не е земи или остави. Тоа е предлог за разговор, за дијалог за да се олеснат преговорите – објаснува шефот на грчката дипломатија.

Во однос на временскиот рок вели дека што е можно побргу, толку подобро, но потребно е многу работа.

– Немам временски рок – рече шефот на грчката дипломатија, запрашан за рокот за решение до НАТО самитот, објаснувајќи дека „ако не можеме да се договориме, ќе продолжиме со разговорите“.

 

Светот дава ветар во грб за решавање на спорот за името

Претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани оценува дека има можност Република Македонија да го реши спорот за името и да ги почне наскоро преговорите за членство во ЕУ.

– Поранешна југословенска Република Македонија има постигнато значаен напредок и јас сум оптимист во однос на двете прашањата и спорот за името и за можноста наскоро да ги отвори пристапните преговори, вели Тајани прашан дали оваа е добра година за земјата да го реши спорот и конечно да ги почне преговорите.

Фаркан Хак, ОН

Обединетите нации соопштија дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 26 годишниот спор меѓу Атина и Скопје околу употребата на името Македонија.

Заменик портпаролот на Обединетите нации Фархан Хак изјави дека „е создаден позитивен момент“ во разговорите што се водат со посредство на ОН и дека е можно да биде пронајдено решение со, како што изјави, „вистински дух на компромис од раководствата и од народите на двете земји“.

МНР: Соопштување крајни позиции го намалува просторот за разговори

Jавното соопштување крајни позиции може да го намали просторот за разговори, велат од кабинетот на шефот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.