НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија започна да го отежнува увозот на стоки од Македонија

0
By Менче Атанасова Точи on August 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граничните инспекции од Србија од денеска, а најдоцна за време на викендот ќе започнат со зајакнати контроли и надзор врз сите прехрамбени и земјоделски производи кои Македонија ги извезува во Србија јавува дневниот весник “Политика” повикувајќи се на владини извори.

Оваа мерка ќе го забави и ќе го искомплицира увозот од Македонија и тоа е нашиот одговор на тоа што Македонија не ја укина одлуката со која се ограничува увозот на пченица и брашно.

“Нашата земја сега полека ги воведува реципрочните мерки”, се вели во информацијата која ја пласира весникот “Политика”. Весникот наведува дека официјална потврда на информацијата засега нема, но, во разговор со Бојана Тодоровиќ, помошник на министерот за внатрешна и надворешна трговија, со денови се воделе консултации со Министерството за земјоделие за реципрочните мерки кон Македонија.

-Македонската Влада не ја повлече одлуката со која се ограничува увозот, според нашите информации такво нешто не се подготвува. Иако не беше прецизиран рокот за укинување на одлуката, тие ни ветија дека тоа ќе го направат во разумен временски период. Ние мислевме дека тоа ќе биде во средината на август, но еве тоа уште не се случи, изјавила Тодоровиќ.

Иако потпретседателот на српската Влада, Расим Љајиќ и министерот за земјоделство Љупчо Димовски уште на 10-ти јули на состанокот во Скопје се договориле дека ќе биде укината одлуката, до такво нешто не дошло, па затоа, вели Тодоровиќ за весникот, оваа мерка стана неопходна.

НОВА овие два дена упорно се обидува да стапи во контакт со ресорните институции за да добиеме објаснување што точно се случува. Портпаролот во министерството за земјоделство денеска не одговори на повиците, ниту на СМС пораката, а во Стопанската комора од каде што побаравме став, објаснија дека се на колективен одмор и топката си ја префрлаа еден на друг. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев е исто така на годишен одмор.

Инаку проблемот настана кога Мaкедонија одлучи увозот на брашно и пченица да го поврзе со купување на домашно брашно и пченица, односно за килограм пченица од увоз од сите земји, па и од Србија македонските увозници мора да купат три килограми домашна пченица, а за увоз на килограм брашно, четири килограми брашно од домашно производство.

Според податоците на Државниот завод за статистика Србија е втор најголем трговски партнер на Македонија. Податоците на српскиот Завод за статистика пак, покажуваат дека минатата година Македонија била на седмо место за извоз во Србија, а на 18 место по увоз пишува Политика.

Вкупната размена на производи меѓу Србија и Македонија за минатата година била 789,6 милиони американски долари. Извозот во Македонија изнесувал 490,8 милиони долари, а увозот од Македонија бил во вредност од 298,8 милиони долари.

Тоа значи дека Србија имала суфицит во размената на стоки од 192 милиони долари потврдиле во Стопанската комора за весникот. Србија во нашата држава најмногу извезува производи од железо, електрична енергија, пченка, сончогледово масло, брашно, безалкохолни пијалаци, пченица, цигари, млеко, павлака.

Од производите кои што ги увезуваат најмногу доминираат лековите за продажба на мало , цевки за заварување, електрична енергија, јаболка, домати, грозје, бело вино и колбаси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.