Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се причините и како дојде до кризата во Египет

0
By Нова ТВ on August 16, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 16, 2013 18:09

Безбедносните сили на Египет упаднаа два кампа во Каиро на 14 август, при што се убиени стотици поддржувачи на соборениот претседател Мохамед Морси.

Во пресметките десетици припадници на безбедносните сили се убиени.
Ова е најкрвавиот ден во Египет од про-демократското востание пред две години. Земјата е во криза откако со помош на армијата, на 3 јули е соборен претседателот Морси.

Што всушност се случи?

Утрото на 14 август безбедностите сили упаднаа во камповите на подржувачите на Морси со цел да „ја отстранат евентуалната закана“. Во близина на џамијата Раба ал-Адавија и плоштадот Нахда употребено е огнено оружје, солзавец. Булодожерите на армијата се користени да се „исчистат“ камповите.

Според официјалните претставници бројката на убиени луѓе е околу 600, додека Муслиманското братство вели дека оваа бројка е над 2.000 луѓе.

Зошто Морси е симнат од власт?

За време на првата година од неговот владеење претседателот Морси не успеа да постигне напредок во клучните сегменти на општеството и од повеќето жители на Египет беше оценет како државник кој што малку работи на полето на економијата и социјалните проблеми.

Полека но сигурно, Египет стана поларизирана држава помеѓу подржувачите на Морси (исламисти) и левичарите, либералите и секуларистите од друга страна.

По повод годишнината од инаугурацијата на Морси на 30 јуни 2013 милиони граѓани предводени од движењето Tamarod (Револт) организираа марш како знак на незадоволство од неговото работење.

Демонстрантите побараа од армијата да го предупреди Морси дека доколку не ги исполни барањата на граѓаните да се повлече за 48 часа. Како што се приближуваше рокот Морси цврсто стоеше на ставот дека е легитимно избран од граѓаните на Египет.

На 3 јули првиот човек на армијата, Ген Абдул Фатах ал-Сиси објави дека Уставот е суспендиран и дека главниот судија Мансур, ќе раководи во привремениот период со технократска влада се до одржување на претседателските и парламентарните избори.

Некои од највлијателните личности во Египет дадоа свое одобрување за соборување на Мохамед Морси.

Трупите подржани од армијата ги зазедоа клучните точки во Каиро за време на протестите за поддршка на Морси.

Кој е Мохамед Морси?

Појавата на Мохамед Морси се должи на египетското Муслимаснко братство, исламистичко движење кое е забрането да делува со децении.

Тој тесно победи на претседателските избори во јуни 2012 година, со што стана прв египетски на демократски начин избран претседател.

Следува турбулентен период на воена власт како продолжување на власта на претходниот претседател Хосни Мубарак кој беше симнат од функцијата во февруари 2011 година.

Што се случи по воениот пуч?

Поддржувачите на Морси секојдневно одржуваа собири барајќи негово враќање на функцијата.

На 27 јули повеќе од 100 лица беа убиени во судирите со безбедносните сили на Rabaa ал-Adawiya

Демонстрантите против Морси бараат преземање на улиците на главниот град. Генералот на армијата, Сиси, на 26 јули, даде отворен простор на армијата за” против можно насилство и тероризам”.

>Што по Морси?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.