Од средата низ цел Египет во одмазнички бес припадниците на Муслиманското братство во само 24 часа нападнаа 52 христијански цркви, а цел на нивните напади беа и приватни работилници, како и домови на коптското малцинство, пренесува SNN.
Коптското христијанско малцинство во Египет претставува десет проценти од вкупниот број жители, што значи дека ги има околу 8 милиони и се најголема христијанска заедница во Египет на Блискиот исток. Долги години исто како и припадниците на останатите христијански заедници во Египет, беа честа мета на напади на исламските екстремисти.
Патријархот Шеноуда III, кој почина годинава, секогаш со Хосни Мубарак и муслиманските верски авторитети успеваше да најде заеднички јазик и да ги заштити египетските христијани од нападите на исламските екстремисти, се вели во анализата на advance.hr.
Пред избивањето на „арапската пролет“ исламските екстремисти во бомбашки напад врз преполна коптска црква во Александрија убија над 20 луѓе. Уште тогаш се виде дека во таканаречената „револуција“ во Египет нема да има место за Коптите, како и за останатите малубројни христијански заедници. За време на владеењето на Мохамед Морси забележани се низа напади врз верски објекти, но и на луѓе, што предходно беше реткост.
Од „арапската пролет“ до сега ситуацијата драстично се промени, Муслиманското братство не може на Коптите да им прости што пред еден месец нивниот нов патријарх Таварадос II, заедно со најголемиот сунитски верски авторитет во земјата, имамот Ал-Ахзара Ахмед Ел-Тајеб, го подржа генералот Ал-Сиши во симнувањето од власт на претседателот Мухамед Морси.
Веднаш по падот да Морси започна прогонот на Коптите и на сите христијански заедници во Египет. Еден од најгрубите напади беше убиството на десетгодишното девојче, припадничка на протестанската заедница во Каиро.
Откако војската по завршувањето на светиот месец Рамазан реши да ги расчисти камповите на Муслиманското братство се разбуди одмаздата кој сите оние кои го подржаа генералот Ал-Сиши, а први на удар беа египетските христијани.
Според последните податоци нападнати се 52 цркви најголем дел сосема уништени во пожари.
На страниците на египетските блогери може да се најдат (за жал нецелосни) листи на цркви, но и училишта, сиропиталишта, кои биле уништени во нападите на следбениците на Морси.
Репортерите кои известуваа од Египет во средата зборуваа за „погром без преседан во историјата на земјата“, па и тоа дека на повидок е „секташка катастрофа“.
Коптската заедница ги осудува овие терористички напади и според нив, зад нападите стои самата врхушка на Муслиманското братство кои сака да им се одмазди на Коптите преку палењето цркви и уништувањето на нивните домови, затоа што ги сметаат за симпатизери на поранешнио претседател Морси.
Како што јавува USA Today, коптите се толку уплашени што воопшто не излегуваат од дома, и имаат чувство дека никој не ги штити.
Некои аналитичари ја обвинуваат војската деа при донесувањето на одлуката за растерување на следбениците на Морси воопшто не донела проценка за тоа во која насока ќе се одвива одмазничкио бес на Муслиманското братство.
Речиси по правило “пост фестум“ ќе се јават организациите за заштита на човековите права, како и авторитетите од меѓународните институции кои со „транспарентна истрага за немилите настани“ ќе бараат одговорност откако ќе се случи трагедијата, а уште на првиот ден припадниците на Муслиманското братство недвосмислено се насочија кон физичка ликвидација.