НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Архитектите бараат Клинички центар да се гради во близина на Злокуќани

0
By Менче Атанасова Точи on February 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот Универзитетски клинички центар треба да се гради на нова локација во Општина Карпош  за која постои урбанистички план  уште од 2001 година. За дислокацијата на Клиничкиот центар во 2010 е направена физибилити студија од Француска консултантска куќа со поддршка од Европската инвестициона банка, како и искуствата од Папскиот универзитетски клинички центар во Рим – „Policlinico Agostino Gemalli“, тврдат од Асоцијацијата на архитектите на Македонија.

Архитектите предупредуваат дека сегашната локација каде што е комплексот клиники не само што ќе доведе до колапс на улицата Водњанска, туку ќе ја загрози животната средина од издувните гасови на возилата од што просторот ќе умре. Од ААМ бараат Владата да го ревидира проектот и да побараат стручно мислење од архитектите, не само за овој поект, туку и за сите останати кои се однесуваат на урбаното планирање на градот.

На прес конференција денеска го презентираа проектот на новиот Универзитетски клинички центар кој како што образложија  треба да се гради на локација на север од Злокуќани и на југ од железничката пруга Скопје-Кичево. Планирано е Универзитетскиот клинички центар да има најмалку осум влеза, да е добро инфраструктурно поврзан поради близината на северната обиколница и пристап за западниот и источниот дел на Македонија, но и лесен и брз пристап за граѓаните на Скопје, можност за изградба на автобуски и железнички терминал, хелиодром и сите мерки за заштита и спасување.

„Оваа локација е во близина на централното подрачје, има сообраќајна проточност, можност за брз пристап на возилата и брзата помош, има  железница, пристап по воздушен пат со хелиодром, ќе има чиста еколошка средина, водоснабдување преку Лепенец. Површината е четирикратно зголемена и изнесува 94 хектари, а просторот каде што е сега сегашниот Клинички центар е 20 хектари“, сметаат од Асоцијацијата на архитектите на РМ.

Од ААМ потенцираат дека изградбата на новиот Универзитетски клинички центар кој ќе биде со многу богати содржини е процес кој што ќе трае во наредните 10 до 15 години, но затоа пак ќе биде трајно решение.

„Овој простор има можност за развој. Доколку се избере старата локација штетата ќе биде многу поголема од 5,5 милиони евра оштета што треба да се плаќа кон Банката на Советот на Европа. Како архитекти, ние мора да гледаме напред и да имаме визија да предвидиме работи, а не да го решиме проблемот сега и да го закрпиме да држи три години. Изградбата и дислокацијата би бил процес од 10-15 години, најпрво со селење на клиниките кои функционираат самостојно, како Стоматолошката, а на крајот Хирургијата“, изјави Мартин Пановски претседател на ААМ.

Според Иван Арсовски, на проблемот со локацијата треба да се гледа комплексно и да се опфати околината, посочувајќи дека со новата планирана населба Сопиште со Сончев град ќе има потенцијални 17.000 жители за кои главна сообраќајница до центарот ќе биде улицата Мајка Тереза, поранешна  Водњанска.

„Тоа ќе предизвика не сообраќаен колапс, туку сообраќаен инфаркт. Пет илјади возила ќе пробаат да влезат во Клинички центар и ќе го попречат движењето на специјалните возила, корисниците на околните населби, но и на возилата со придружба од Претседателската вила, резиденциите и амбасадите, што значи дека и од безбедносен аспект не е поволна локација“, рече Арсовски.

Покрај зголемениот простор, кој предвидува и изградба на нови болници и факултети и поголем капацитет за хоспитализација, бенефитот го гледаат и во тоа што тој дел од Скопје е во здрава и незагадена животна средина. Сето тоа, сметаат архитектите, ќе ги подобри условите за работа на докторите и стандардите за лекување на пациентите кои ќе добијат брза и квалитетна здравствена услуга.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.