НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неподносливиот легализам на владата

0
By Борјан Јовановски on February 16, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот Манчевски не прашува јавно да се договориме како општество дали сакаме правна држава или брзи решенија кои би можеле да се косат со законот.

Прашањето на министерот Дамјан Манчевски  благо речено е цинично. Се разбира дека сакаме правна држава но владата во случајов  го прави сосема спротивното.  Коментирајќи го именувањето на директорот на МРТВ, истиот оној што на јавниот сервис му удри печат на “груевизмот”, министерот Манчевски вели дека владата нема намера да се меша во овој избор најавувајќи дека наскоро ќе се направат законски измени со кој ќе се овозможи МРТВ да проработи како јавен сервис во функција на граѓанските интереси.

Нешто не се разбираме. Никој не очекува од министрите  или било кој друг во владата да го прекршува законот. Но.. како јавност сме добро запознати дека актуелниот директор на МРТВ сосе оној Програмски совет кој го избра овој директор по не знам кој пат работат спротивно на законите со кои се прoпишува нивната работа. Банално е да цитирам членови од закони. Погледнете го членот 110 од законот. Постојат стотици испишани страници на многу домашни и меѓународни извештаи во кои е утврдено дека МРТВ со ова раководство работи спротивно на законските одредби кои го дефинираат МРТВ како јавен сервис. Самото Собрание не го усвои извештајот за работата на МРТВ. На сето тоа добиваме изјава од министерот кој се фали како уредно и редовно како влада  плаќа пари, од буџетот, за тоа исто раководство кое во континуитет го крши законот за МРТВ.

Сега да се вратам на прашањето на министерот што тоа ние сакаме како општество. Па министре владеење на право што ќе рече дека немаме намера да ги трошиме нашите пари на некои кои ги кршат законите. Каква порака испраќате до јавноста?  Зошто тоа на некој Маријан и некоја Саркањац би им обезбедиле плати знаејќи дека работатaта која ја работат е противзаконска. Како да ве разберат сите оние кои сакајќи владеење на правото работат согласно сите законски и етички стандарди. Во најмала рака како заштитник на нашите граѓански интереси и нашите пари треба да поведете постапка кривична или барем прекршочна за тоа дека некој во МРТВ троши буџетски средства на начин спротивен од оној каков што е уреден во законот.

Тоа не е и не може да биде владеење  на правото. Тој однос значи антипод на она што го сакаме како општество.

Во иста ситуација сме кога зборуваме за на пример две значајни регулаторни тела за еден демократски систем како што е Комисијата за антикорупција и онаа другата за заштита од дискриминација. Првите, самиот премиер рече дека се “тапа  џонсон” а за вторите на чие чело е оној “патриот” Даштевски банално е да се аргументира. Се обидов да најдам контакт од таа комисија за заштита од дискриминација на интернет. Не постои , за разлика од дискриминацијата која ја имаме на секој чекор. Погледнете ги само извештаите на релевантни институции, домашни и странски. Во најмала рака,како тоа оваа влада воопшто си дозволува да толерира незаконско работење на регулаторните тела кои се финансираат буџетот за кои е самата влада одговорна. Не се бара тука од владата да упаѓа противзаконски со кадровски решенија но исто така не може да се толерира ни ладнокрвноста со која владата ја набљудува оваа незаконска активност на одговорните во тие институции.

Значи министре ние сакаме како општество владеење на право но вие со вашата неподнослива толеранција кон престапниците на законот не повикувате на нешто друго што не е наш избор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

ВЕСТИ August 8, 2025

Глобалната консултантска фирма од САД, Бостон Консалтин Груп, разгледува планови за преселување на околу 25%…

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.