Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Труд и социјала посочи други сознанија за девојчето од Домот „25 Мај“

1
By Нова ТВ on February 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 16, 2018 14:15

Случајот кој ја разбрани јавноста со абортусот на 13-годишната Ромка од домот „25 Мај“ која била силувана, е во рацете на Министерството за внатрешни работи.

По соопштението на Европскиот центар за правата на Ромите, од Министерството за труд и социјална политика, брифираат дека девојчето зад себе има повеќе трагични случаи.

Р.И, 13-годишна, од своите родители не била насилно одземена, туку затоа што службите утврдиле дека таа била принудена да питачи, а ако се погледне историјата на нејзиното семејство, другите деца од тоа семејство починале од употреба на дрога.

Откако е одземена од семејството, Р.И од 2011 година до 2016 година била сместена во пет различни згрижувачки семејства, но бидејќи не успева да се адаптира, на крај завршува во „25 Мај“ каде што и бил назначен старател.

МТСП тврди дека за посочената малолетничка имало посебна грижа, но тоа не дало никакви резултати.

Секој пат кога девојчето го снемувало од Домот, старателот пријавувал во МВР.

Оттаму неколку пати побегнало и било во различни градови. И нејзините искази пред полицијата, според МТСП, се проблематични во напорите да ја заштитат бидејќи прво тврдела дека била заљубена, а потоа и дека била експлоатирана, нелегално да работи како сексуална работничка.

Пред полицијата, Р.И исто така посочила и лица со имиња и презимиња.

По одредено време, била сместена во Центарот за заштита од трговија со луѓе, но поради недоволните докази, таа повторно била вратена во домот „25 Мај“.

Од Министерството за труд и социјална политика велат денес или утре, девојчето повторно ќе го сместат во Центарот за заштита, а во меѓувреме се надеваат дека МВР ќе спроведе ефикасна истрага за нејзините тврдења.

Сепак, од Министерството негираат дека таа била жртва и на социјален работник.

МТСП информира за овој случај, по вчерашната реакција на Европскиот центар за правата на Ромите, каде што наведоа дека  девојчето било принудно земано од постар маж вработен во институцијата, а потоа ја носел во друг град каде била силувана.

МВР најави детали во текот на денот.

министерство за труд и социјална политика Ромка Сексуално злоставување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.