Британските власти упаднале во редакцијата на весникот Гардијан и побарале од уредникот Ален Разбридгер да им ги предаде доверливите документи или во спротивно ќе го уништат хард дискот на компјутерот. Разбригер гледал како двајца „експерти за безбедност“ во подрумот на згрдата ги уништуваат компјутерите кои ги содржеле доверливите информации што им ги дал Едвард Сноуден, јавува РТ.
Британците на тој начин се обиделе да го спречат понатамошното објавување на тајните документи кои на Гардијан им ги дал Сноуден.
>>Случај Сноуден: Бразил загрижен за притворот на Британецот
Вчера партнерот на новинарот Глен Гринволд беше на распит девет часа на лондонската аеродром Хитроу по што бил пуштен без обвинение.
Дејвид Миранда бил само на поминување на лондонскиот аеродром кога го привеле под член 7 од Законот за тероризам. На Миранда не му бил дозволе адвокат, а му била запленета опремата како лап-топот, мобилниот, USB картичката и камерата.
„Постојано ми се закануваа велејќи дека ќе одам во затвор ако не соработувам. Ме третираа како криминалец, како некој кој доаѓа да изврши напад на Обединетото кралство. Беше измачувачки и фрустрирачки знаејќи дека не правам ништо лошо“, вели Миранда за Гардијан.
„Се наоѓав во различна држава со различни закони во соба со 7 агенти кои постојано влегуваа и излегуваа и ми поставуваа прашања. За тоа време не ми беше дозволено да му се јавам на мојот партнер кој е адвокат од САД, ниту пак ми беше даден преведувач иако ми беше ветено затоа што не се чувствував толку удобно да зборувам на вториот јазик што го знам“, вели тој.
Глен Гринволд објави текстови и документи кои му ги предал Сноуден.