Доколку поранешните професионални војници навистина преминат во армијата на Бугарија, тоа ќе има несогледиви последици по угледот и ќе преставува срам за Македонија и за армијата вели за НОВА Стојанче Ангелов од здружението „Достоинство“.
Овие седумдесетина отпуштени професионални војници, доколку бидат ангажирани, месечно ќе ја чинат државата само 35 000 евра или годишно вкупно 420 000 евра, а со тоа ќе се реши проблемот, порачува Ангелов.