Градот Охрид не е само културно туку исто така и природно наследство на УНЕСКО. Сега, уникатноста на овој град може да биде компромитирана. Градежните проекти може да предизвикаат градот безмилосно да биде избришан од списокот, се вели во анализата на чешкиот медиум, „Lidovky“.
Само 29 места во светот можат да бидат горди дека припаѓаат на УНЕСКО за светско културно и природно наследство во исто време. Охридското Езеро покрај градот кој го носи истото име е еден од тие 29 исклучоци.
Главен проблем се планираните градежни активности на простор на кој се реализираат археолошки истражувања – вакви предупредавања дава чешкиот експерт во УНЕСКО, надлежен за Европа, Петра Тотхарова.
„Наша комисија ќе ги оцени негативните ефекти кои овие проекти би можеле да ги предизвикаат врз состојбата на Охрид“, вели Петра Тотхарова, задолжена за УНЕСКО во Европа и Северна Америка.
Тотхарова во едно интервју рече дека загриженоста на УНЕСКО не ги опфаќа само градежните активности околу универзитетот на Плаошник, но, исто така, подготовките за изградба на гигантскиот туристички комплекс во близина на манастирот Свети Наум.
„За градежните активности околу Св. Наум ние сме сериозно загрижени“, надополнува таа.
Индискиот милијардер Субрата Рој на почетокот на годината ги презентираше плановите за изградба на рекреативен комплекс кој предвидува спа центри, хотели, објекти за забава, казино на вода.
Отстранување на статусот во УНЕСКО би бил голем удар за Охрид. Досега во историјата се случило само еднаш и тоа во Оман во 1997 година.




