Според извештаите на UNICEF и UNHCR, половина бегалците од Сирија се деца, кои пребегнале во Либан, Јордан, Турција, Ирак и Египет.
Бројот на децата бегалци во текот на третата година од сириската војна се искачи на еден милион, извести денеска UNICEF.
– Милионитото дете не само уште еден број. Тоа е вистинско дете на кое му е одземен домот и кое можеби е одделено од своите родители и е соочено со ужасите кои не можете да си ги замислите – рече извршниот директор на UNICEF, Ентони Лејк.
Најновите бројки покажуваат дека 740.000 деца бегалци од Сирија се помлади од 11 години. Според податоците на Високиот претставник за човекови права, околу 7.000 деца го изгубиле животот за време на судирите. Над 3.500 кои се во Либан, Јордан и Ирак ја поминале границата на Сирија без придружба или се разделени од родителите. UNHCR и UNICEF проценуваат дека над 2 милиони деца се раселени внатре во Сирија.