Едномесечната хуманитарна акција под наслов “Празна Продавница – Полно Срце” почна денеска во Трговскиот Центар Скопје Сити Мол, кој истовремено, заедно со Црвениот крст, е организатор на настанот.
Хуманите посетители доаѓаат со кеси полни со половна или облека која ја чуствуваат за непотребна и со неа ги полнат празните рафтови од продавницата.
Волонтерите на Црвениот крст се задолжени да ја примаат донираната облека.
„Основниот белег на трговските центри е шопингот или купувањето по продавници од секаков карактер. Посетителите доаѓаат празни а си одат со полни кеси.
– Во концептот на хуманитарната акција на Скопје Сити мол и Црвен крст процесот е обратен при што хуманите посетители доаѓаат со кеси полни со половна или облека која ја чувствуваат за непотребна и со неа ги полнат празните рафтови од продавницата“, велат организаторите.
Тие испраќаат порака: „Да ја исполниме заеднички празната продавница и да ги наполниме срцата на оние помалку среќните“.