Лидерот на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека законот за јазиците се става на дневен ред токму на денот кога почна воениот конфликт во Тетово.
– Имаме една генерална слика која е навистина спротивна на сето она што се ветуваше со таканаречената програма „За Живот“ во Република Македонија. Имаме случувања кои што комплетно се ретроградни. Имаме страв, имаме терор. Во Скопје имаме убиства, пљачки, криминал кој секој втор ден остануваат неразјаснети. Имаме полицајци кои се правдаат дека случајно се повредиле удирајќи се од пајак. Ова е понижување не само на фелата туку на целокупната нација – вели Мицкоски.
Мицкоски е разочаран од она што денес е реалност во Република Македонија и вели дека мораме самите нешто да направиме.
– За тоа да го направиме мораме да имаме јасен план, јасна стратегија и програма и да се обврземе пред граѓаните во Република Македонија да тоа што ќе го ветиме следи потешкиот дел, а тоа е како тоа да го оствариме – порачува Мицкоски.