НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА дознава: Опасен радиоактивен кобалт 60 се наоѓа на сред Скопје

2
By Менче Атанасова Точи on March 14, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опасен радиоактивен отпад со години стои во сред центар на Скопје, во подрумските простории на Клиниката за онкологија и преставува темпирана бомба од безбедносен аспект, дознава НОВА од извори запознаени со оваа проблематика. Станува збор за радиоактивен кобалт 60 кој е многу опасен по здравјето на луѓето доколку се изложат на неговото зрачење.

Но, на Онкологија нема само опасен радиоактивен кобалт. Таму во последните 50 години бил складиран и друг радиоактивен отпад, како што е радиоактивно злато, радиум, цезиум кои биле користени во медицината, а немало каде да се однесат. Тие се наоѓаат во просторија која се наоѓа под таванот на клиниката во посебен бункер за да нема надворешно зрачење.  Не се знае колкави количини има од овој радиоактивен отпад бидејќи неговото присуство се мери однадвор со специјални апарати.

Апарат со кобалт за зрачење на болните од рак кој не се употребува повеќе

На овој радиоактивен отпад местото не му е на Клиника за онкологија, велат за НОВА во Агенцијата за радијациона сигурност. Но, бидејќи државата нема посебен склад каде што треба да се чува радиоактивниот отпад тој со години стои таму.

„Од голем интерес за Македонија е овој радиоактивен отпад да се изнесе од таму бидејќи преставува најопасен извор на радиоактивно зрачење. На Клиниката за онкологија со години се собирани овие радиоактивни материјали и ние работиме на проект на нивно отстранување од државата, а потоа и на обезбедување на складиште“, изјави за НОВА, Светислав Ѓорѓевиќ директор на  Агенцијата за радијациона сигурност.

Информацијата на НОВА ја потврдија на Клиниката за онкологија. Оттаму објаснија дека граѓаните можат да бидат мирни, бидејќи нема опасност од зрачење, ниту по пациентите кои се лекуваат  таму, ниту по вработените, ниту пошироко за околните згради или градот, бидејќи радиоактивниот кобалт е изолиран во специјален бункер, затворен е со две метални врати и нема радиоактивно зрачење повисоко од дозволеното.

„Има мало зрачење внатре кое е помало од тоа што го добиваме од природата,  кое е 1 милисиверт на годишно ниво. Главата на апаратот со кобалтот е сместен во подрумските простории на Клиниката за онкологија во посебен бункер кој е изолиран со метални врати и таму стои заклучен со години.

Како изгледа радиоактивниот кобалт како метал

Самиот кобалт е во оловна кутија, а под него и околу него има оловни блокови кои штитат од надворешно зрачење. Ние секој месец вршиме мерења на радиоактивноста и секогаш е во рамките на законски дозволениот лимит“, изјави за НОВА, Душко Лукарски, медицински физичар и раководител на одделението за радијациона физика и заштита од јонизирачко зрачење на Клиниката за онкологија.

Реалната опасност, според Лукарски и другите експерти кои ги консултираше НОВА е во случај кобалтот да се злоупотреби, да биде украден, оставен на отворено место или да се употреби за правење на бомба со разорна моќ, како што тоа било случај во други земји.  Поради овие причини, бункерот е  под опсервација и заштита на МВР.

Информациите до кои дојде НОВА говорат дека претходните директори барале помош од досегашните влади да се најде начин радиоактивниот отпад да се отстрани од Клиниката за онкологија, но немало слух од властите. Во изминатите неколку месеци интензивно се барал начин како опасниот кобалт 60 заедно со другиот радиоактивен отпад да биде изнесен од државата и во тек е постапка за негово транспортирање надвор од државата.

Продолжува: Македонија побарала помош како да го изнесе радиоактивниот отпад од државата

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.