Опасниот радиоактивен кобалт 60 кој се чува на Клиниката за онкологија до јуни ќе биде изнесен од државата. Но остануваат уште 16 локации , од кои три во Скопје со радиоактивен отпад од помала јачина, кој мора да се складира некаде. Затоа на државата и е неопходен национален склад каде што ќе се собира целиот радиокативен отпад, добро заштитен по сите меѓународни стандарди.
Проектот кој бил добиен во минатато пропаднал бидејќи преходната Влада не била заинтересирана да гради склад. За да може да влезе во ЕУ и заради безбедноста на граѓаните вакво складиште мора да се изгради наскоро сметаат соговорниците: Душко Лукарски медицински физичар од Клиниката за онкологија, Горан Ангеловски физичар од Дирекцијата за радијациона сигурност и Горан Трајков инспектор во Дирекцијата за радијациона сигурност.