Ниту првата, ниту втората опција за решение на проблемот со недонесувањето на извештај од страна на ад хок Комисијата, кој наводно ги нуди премиерот Груевски, немаат врска со евроинтеграциите ниту пак со Извештајот на Европската комисија, изјави денеска заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска.
СДСМ го повика Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да прифатат дека со бркањето на новинарите од собраниската сала е прекршен уставот и е повредено правото на информирање, и со тоа да се финишира работата на Комисијата за расветлување на настаните од 24 декември. Со идејата да се формулираат два извештаи на Комисијата, еден според ставовите на СДСМ и вториот според ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа, кој победи на избори неговиот да се прифати, се дискредитира работата на Комисијата и на нејзиниот претседател Давитковски и се прави неодговорен обид за вовед на партиски директиви наместо политички аргументи.
На прашањето дали СДСМ ќе гласа на евентуална седница за распишување на предвремени избори, Шекеринска рече дека СДСМ нема да учествува на криминални избори, какви што беа последните и дека со сите демократкси средства ќе спречи одржување на такви избори.
Шеќеринска нагласи дека договорт од март покрај изготвување на Извештај за настаните од 24 декември предвидува и создавање на услови за фер и демократски избори.




