Филмот „Другарката Јованка“ се темели на сведоштва на современиците на „Ужичка“ 15, каде Јованка Броз, една една од најавтентичните симболи на некогашната татковина на југословенските простори, помина 35 години во брак и заеднички живот со Тито, првиот човек на големата Југославија.
Докумантарецот, кој е за првата „другарка“ во една источно-европаска земја која на Запад има третман на дама, снимен е во амбиентот и на локациите каде брачниот пар Броз ги поминал последните 30 години по заминувањето од политичката сцена, кој остана најинтригантен и најтаинствен за јавноста.
Овој возбудлив домунетарец може да се смета и за ексклузивен затоа што содржи цитати и белешки од водечки политичари и јавни личности од тоа време, како и документи од белградската и љубљанската архива, кои со години го носеа предзнакот „доверливо“, а сега за првпат се прикажани во јавност.
Правта приказна е за Јованка Броз, која се обиде да одговори на многу провокативни прашања, дилеми и полемики – од тоа дали била нешто повеќе од обична сопруга, колку била упатена во политичките збиднувања, на што влијаела, па се до тоа дали по смртта на Тито станала жртва, филмот е снимен и во Хрватска и во Словенија.
Автор на филмот е Слаѓана Зариќ, режисер е Филип Чоловиќ. Екипата на соработници ја сочинуваат: Живота Неимаревиќ, директор на фотографија, Весна Илиќ, новинар, Марија Богичевиќ, монтажер. Продуценти: Слободан Токиќ и Мирко Јонкиќ.