Published: Monday, August 26, 2013 16:29
Со потпишувањето на извештајот на експертската комисија за настаните во Собранието од 24 декември ВМРО-ДПМНЕ конечно го призна грубото кршење на Уставот, изразено преку интервенцијата на полицијата, како дел од извршната власт, врз функционирањето на законодавната власт, се вели во изјавата на Либерал демократскаѕа партија.
Според нив Буџетот на Република Македонија за 2013 е нелегален и потребно е повторување на процедурата за неговото усвојување, а исполнети се сите услови за итна оставка на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, согласно Уставот и законите на Македонија, се вели во писменото соопштение до јавноста од Либерално демократската партија.




