Процедурата за разрешување и барање оставка на Министер во Владата, согласно Уставот и законите на Република Македонија, која ја знаат и студентите на Правниот факултет, налага покренување на постапка за интерпелација од пратениците кои се заинтересирани да ја иницираат во Собранието на РМ.
Смена на министер или министри е можна и преку барање за гласање на доверба на Владата, распуштање на Собранието и распишување на избори, се вели во писмената изјава на министерката за внатрешни работи објавена како реакција на барањето на ЛДП , Јанкуловска да поднесе оставка од функцијата
Разбирам дека СДСМ се плаши од предвремени избори заради преполовување на поддршката од граѓаните и губење на најголем дел од пратениците, но не можам да разберам зошто е стравот од избори на ЛДП која најмалку што може е да го повтори изборниот резултат и добиената доверба од граѓаните, освојувајќи НУЛА пратенички места, се вели во изјавата на Јанкуловска.




