Го поздравувам успешното завршување на работата на Комисијата за истрага на настаните од 24 декември., со финален извештај усвоен со консензус и поддржан од сите членови на комисијата, се вели во писмената изјава на комесарот Штефан Филе.
Ова покажува дека конструктивни решенија може да се најдат, со политичка волја, преку дијалог и компромис.
Со нетрпение очекувам да се спроведат и наредните чекори и имплементацијата на препораките содржани во извештајот, како и на остатокот од политичкиот договор од 1 март, вели Штефан Филе.
Постигнатиот договор на Комитетот помага во решавањето на внатрешно политичките проблеми, но исто така, покажува дека интеграцијата во ЕУ продолжува да биде приоритет за сите политички партии во земјата.
Овој најнов развој на настаните ќе се одрази и во претстојниот Извештај за напредокот на Поранешната Југословенска Република Македонија “. се вели во писмената изјава на комесарот Штефан Филе.




