Двајцата припадници на АРМ од Тетовската касарна „Кузман Јосифовски Питу“ кои со прострелни рани денеска се донесени во Ургентниот центар во Скопје, со во стабилна здравствена состојба. На нив во моментот им се вршат испитувања и снимања и најверојатно попладне ќе им биде извршена хируршка интервенција, потврдија за НОВА во Ургентниот центар.
Според првичните информации, настанот се случил по вежбата што ја имале војниците во касарната додека го чистеле оружјето.
Доктор Фатмир Салију од Клиничката болница Тетово за МИА информира дека војниците биле со прострелна рана и искршеници на екстремитетите и заради тоа се префрлени во скопските клиники.