Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фронт за слобода на изразување: Повлечете ги законите

0
By Нова ТВ on August 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 27, 2013 13:54

Повлекување на медиумските закони од собраниска процедура, бара Фронтот за слобода на изразување кој го сочинуваат следните граѓански организации: Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Центар за развој на медиуми (ЦРМ), Метаморфозис, фондација за интернет и општество, Цивил – Центар за слобода, Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ), НВО Инфоцентар, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје, Македонски центар за европско образование (МЦЕО), Јавност – Центар за нови политики и слобода на медиуми, Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, Здружение на граѓани Контрапункт.

Фронтот за слобода на изразување бара од Собранието на Република Македонија, да ги повлече од процедура предложените закони: закон за медиуми и закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, бидејќи преку нив дополнително ќе се загрози слободата на говор во Македонија, особено со неоправданото опфаќање на печатените и интернет-медиумите со нови регулативи.

Голем дел од прашањата што овие закони наводно ги решаваат се веќе опфатени со Законот за радиодифузија, Кривичниот законик и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Едновремено, новите медиумски закони игнорираат клучни фактори што овозможуваат корупција на медиумите со јавни пари и некарактеристично за демократски општества, се мешаат во сферата на саморегулација на новинарската професија.

За неприфатлива ја сметаме постапката на предлагачот на новото медиумско законодавство, да глуми јавна расправа и конструктивност, да ги носи странските стручњаци консултирани во подготовката на законите, а по нивното заминување, со амандмани поднесени од пратениците од владејачкото мнозинство, да ги врати во игра сите проблематични одредби што наводно беа сменети или исфрлени од предлог-законот за медиуми и предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Предложените закони, во сегашната верзија, можат само да ја зацврстат контролата што власта ја има врз најголемиот дел од медиумите во Македонија. Дополнително, давањето надлежност на новата, семоќна Агенција за аудио и аудиовизуелни медиуми, и врз печатените и онлајн медиумите, ја открива намерата да се воспостави контрола и врз овие медиумски сектори.

Предложените закони не прават ништо да ја уредат или елиминираат постојната пракса на делење на таканаречените „владини реклами“, што е основен инструмент за корумпирање на медиумската сцена. Напротив, со предложените измени во член 92 од Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, власта си обезбеди и нов извор на средства што ќе може да се пренасочуваат кон пријателските медиуми, по критериуми што не ги знаеме и допрва треба да се усвојат.

За останатите медиуми, наместо морковот, тука е стапот во форма на казнените одредби кои, освен што предвидуваат казни превисоки за нашиот стандард, можат да бидат предмет на арбитрарна одлука на еден човек, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми. Директорот на Агенцијата прераснува во вистински „медиумски цар“ кој според сопствената волја ќе одлучува за судбините на медиумите во Македонија.

Иако, предложените закони никаде не го користат зборот „цензура“, по својот дух и со решенијата што ги нудат, прават нешто уште пострашно: ги принудуваат и ги насочуваат медиумите и новинарите кон само-цензура, која ќе биде единствена гаранција дека ќе можат да опстанат на таканаречениот „медиумски пазар“ во Македонија. Тоа, од гледна точка на слободата на изразување е далеку полоша и поопасна ситуација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.