НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас и понатаму настојува на „ерга омнес“ решение

1
By Нова ТВ on March 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За Грција има два клучни услови околу компромисот за името – едниот е сложеното име со географска одредница, а вториот е тоа да биде одржливо решение, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас, по завршувањето на европскиот Самит.

– Не треба да биде „олеснета верзија“, туку одржливо решение за да се создаде силен дијалог меѓу народите, името треба да биде за секоја употреба, меѓународна, билатерална но и за внатрешна употреба. Не може да има различно име во Обединетите Нации, а да продолжи да се нарекува Македонија во Уставот. Договорот не е лесен, во Грција многу луѓе се противат, но ова е историска шанса која треба да се искористи, изјави Ципрас.

Ципрас, како што јавила дописничката на МИА од Брисел, за прашањето за името најпрвин полушеговито и одоговорил: „Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или која било друга опција“.

Премиерот потоа порачал дека Грција ги има „најдобрите намери на светот“.

– Имаме волја да го решиме овој проблем но нема никаков притисок, никој не не тера, ова не е егзистенцијално прашање за нас, но е за нашите соседи. Не се обидуваме да им наштетиме на нашите соговорници, додаде тој.

Запрашан да ги коментира руските закани упатени кон Македонија дека има негативни ризици за регионалната стабилност доколку земјата влезе во НАТО, Ципрас рече дека не треба трети страни да се вмешуваат и дека прашањето за името е билатерално и ќе се решава во рамките на ОН.

Во информативна емисија на грчката ТВ ЕРТ, во чии рамки во живо се емитуваше прес-конференцијата на Ципрас во Брисел, веднаш по завршувањето, новинарите ги коментираа пораките што тој ги испрати.

Во однос на прашањето за името, новинарите рекоа дека грчкиот премиер, го открил името, Горна Македонија.

Коментарите на новинарите од државната телевизија беа дека најпрво го открил, а потоа се обидел да се коригира со зборовите „не мора да е Горна, може да е било кое друго име“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.