Во периодот од 2006 до првата половина од 2013 година, Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во целост исполни над 2.100 ветувања дадени пред граѓаните, реагираше денеска ВМРО – ДПМНЕ, при што се обрати министерот Иво Ивановски.
Еве дел од нив:
• Се изврши набавката на современа медицинска опрема во вредност од 100 милиони евра.
• Се врши најтелемна реконструкција на македонските болници во вредност на нови 100 милиони евра.
• Намалени се цените на значаен дел на лековите. Просечното намалување на цените изнесува 32,54 отсто, а кај одреден број на лекови и до 70 проценти. Претходно данокот на додадена вредност за сите лекови и медицинските помагала се намали од 18 на 5%
• Воведено е бесплатно здравство за секого.
• Ќе се гради нов клинички центар.
• Најголемата инвестиција во образованието во изминатите 17 години е направена со проектот Компјутер за секој ученик.
• Со Законот за измени и дополнувања на Законот за средно образование се воведе задолжително средно образование на секое дете од 15 до 18-годишна возраст, при што школувањето ќе биде бесплатно, како и превозот и престојот во местото каде што учи детето, доколу има потреба од тоа.
• Намалена е партиципацијата на високообразовните институции, и тоа на 200 евра во државната квота, односно 400 евра во квотата за кофинансирање.
• Обезбедени се бесплатни учебници за ученици од основното и од средното образование.
• Формирани се два нови државни универзитети и отворени се дисперзирани студиски програми со кои високото образование станува достапно за секого.
• Во 2012 и 2013 одвоени се над 60 милиони евра директни инвестиции за образованието, како во основното и средното, така и во високото образование. Во време на СДСМ тие средства не беа ниту 10% од оваа сума.
• Направен е превод на огромен број на литературни дела и стручна литература која сега на студентите им е достапна на македонски јазик.
• Ваучери за 27,000 студенти.
• Неколкукратно се зголемија платите, пензиите и парите наменети за социјални трансфери.
Се донесе донесе минимална плата, со која се заштитија работниците со најниски примања.
• Се изградија социјални станови.
Владата донесе Програмата за земјоделство и руралeн развој за период од 2013 до 2017 година, со која првпат за пет години се дадени насоки како ќе се одвива финансиската поддршка за земјоделците. Во неа е планирано во следните пет години да бидат доделени вкупно 725 милиони евра субвенции, од кои во 2013 година – 135 милиони евра, во 2014 – 140 милиони евра и од 2015 до 2017 година по 150 милиони евра. СДСМ не даваше субвенции.
За тврдењето дека немало инвестиции во Македонија веднаш ќе го демантираме г-динот Зоран Заев. Во Македонија има инвестиции.
• Кемет електроникс – САД, 25 милиони евра, 500 нови работни места
• Алајанс Уан – САД, 10 милиони евра, 150 нови работни места
• Протек груп – Русија, 5 милиони евра, 150 нови работни места
• Мадерсон груп – Индија, 12 милиони евра, 160 нови работни места
• Стил кон – Холандија, 3,5 милиони евра, 100 нови работни места
• Текнохозе – Италија, 10 милиони евра, 150 нови работни места
• Еуроиталија – Италија, 10 милиони евра, 200 нови работни места
• Еинфлоу – Швајцарија, 5 милиони евра, 100 нови работни места
• Кромберг и Шуберт – Германија, 25 милиони евра, 2500 нови работни места
• Џонсон контролс – САД, отвора втора фабрика во Македонија, 20 милиони евра, 1427 нови работни места
Која инвестиција СДСМ ја донесе, нема таква. Гo повикуваме Зоран Заев да набро која странска гринфилд инвестиција ја донесоа за 15 години.




