Published: Wednesday, August 28, 2013 10:33
Успение на Пресвета Богородица е голем христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.
Според Христијанската вера како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август, или 15 август по стариот календар.
Празникот Успение на Пресвета Богородица го нарекуваме голем, затоа што на тој ден „Спасителот на сите во целата Своја Слава ја сретнал и ја населил Мајката Своја покрај Себе.“




