Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку тиражот е поголем, толку критиката на власта е помала

0
By Нова ТВ on March 26, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 26, 2018 19:47

Пишува Љубиша Јоциќ, Јужне вести, Србија

Начинот на известување за „случајот Савамала“ е во директна врска со тиражот, видот и уредувачката политика на дневниот весник – покажува истражувањето на организацијата Civil Rights Defenders. Колку тиражот е поголем, толку известувањето на медиумот е попристрасно, објективноста помала, а критиката кон власта најмала, тврдат авторите на истражувањето.

-За случувањата кои се случиле ноќта помеѓу 24 и 25 април 2016 година, по парламентарните избори, кога неколку личности маскирани со фантомки буквално ги врзале граѓаните, а потоа булдожери урнаа повеќе објекти во центарот на Белград, шест дневни весници во Србија известуваа прилично нееднакво и со опаѓачки интерес, иако сторителите на рушењето на објектите на Херцеговачката улица не се откриени, а одговорноста не е утврдена, наведува авторката на истражувањето Снежана Миливојевиќ, професорка на Факултетот за политички науки во Белград.

Во тематска смисла, интересно е како е фокусиранo известувањето. Во 75 отсто од текстовите што ги анализиравме, Савамала беше клучна тема, а во една третина само спомената. Но, темите кои беа изготвени беа наменети само за рушењето, повик за одговорност, активности на власта во врска со настаните, активностите на иницијативата “Не давимо Београд” и политичка употреба на случајот. Најзастапено беше повикување на одговорност. За повеќето весници, тоа барање доаѓа од самите претставници на власта и на тој начин се создава привид на критика и се дава на власта можност “да се испере” и да се стави во позиција да  бара одговорност – рече Снежана Миливојевиќ.

Тоа особено се случило, додава Милојевиќ, кога на почетокот на мај, тогашниот премиер Александар Вучиќ излезе и рече дека „Савамала ја срушиле комплетни идиоти и дека наскоро ќе се востанови одговорност“.

Повисоките нивоа на власт бараат од пониските нивоа на власт одговорност, и самите преземаат улога на критичар. Најголемиот дел од медиумите ја презеде таа „критичност“ – истакнува авторката на истражувањето.

Во периодот од 25 април 2016 година до 25 април 2017 анализирани се известувањата на весниците Блиц, Вечерни новости, Денес, Информер, Курир и Политика, за случајот Савамала.

Бројот на текстови и обемот на известување упатува на тоа кој се трудел да ја одржи темата актуелна, дури и кога на власта и било важно за темата Савамала да не се разговара, а кој ја тривијализирал темата и избегнувал да пишува за неа, а друи и кога пишувал, тоа го правел на многу специјализиран начин – додава Снежана Миливојевиќ.

Истражувањето покажа дека 40 отсто од актерите во сите текстови се тогашниот премиер Александар Вучиќ, градоначалникот на Белград Синиша Мали и министерот за полиција Небојша Стефановиќ, потоа органите задолжени за истрага, а околу 40 отсто од актерите се активисти на иницијативата „Не давимо Београд“, независни институции, невладиниот сектор, граѓани и, јавни личности.

Драган Ѓорѓевиќ, координатор на CHRIS мрежата на борци за човекови права, смета дека „иако Савамала е локален случај, ова е еден тест што се уште можеме“.

Тогаш започна распределба на влијание и тоа е национална тема, пред се, од агол уништување на правндата држава, владеењето на правото кога некој два часа во центарот на главниот град ја суспендира правната држава, кој знае што моеже да очекуваме на локално ниво. Кој знае колку „Савамали“ има во другите градови – рече Ѓорѓевиќ.

Според податоците од извештајот, случувањата кои се составен дел на тој случај Савамала, биле тема на вкупно 706 прилози во сите шест весници, а во уште 527 текстови случајот бил само споменат.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.