НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Слеано име не е достоинствено решение

2
By Нова ТВ on March 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Достоинствено решение за проблемот околу името е она од кое нема да се срамиме. Слеано име не е тоа. Уверен сум дека Грција има многу сериозен долгорочен стратешки интерес Република Македонија да биде близок сојузник, да биде дел од ЕУ, НАТО. Соседи сме и секогаш ќе бидеме. Ако најдеме достоинствен начин да го надминеме овој проблем, тоа ќе биде многу важно за иднината на РМ, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Прашањето за мене е едно најболните прашања, бидејќи природата на проблемот е многу проблематична и е многу лесно на ова прашање да се удираме и да викаме. Меѓутоа исто така мислам дека сите знаеме дека надминувањето на овој проблем е важен за нашата држава. И ако најдеме достоинствен начин да го надминеме овој проблем, тоа ќе биде многу важно и за Македонците во Република Македонија и за Албанците и за сите други. Важно ќе биде и за иднината на РМ. Достоинствено решение за проблемот околу името е она од кое нема да се срамиме. Слеано име не е тоа рече Димитров во емисија на ТВ Телма.

Според него, суштината на компромисот доколку е можен е на два столба.

– Едниот столб е дека Македонците мора да бидат Македонци што го зборуваат македонскиот јазик, бидејќи стравот од конкретизирање со одредница на името Македонија ќе биде невозможно да се покрие. Тој страв мора да биде покриен соодветно за воопшто ние да можеме да се отвориме за географска одредница. И тоа што јавно го соопштивме за географска одредница е врзано односно не е безусловено. Исто така, таа географска одредница не може да биде недостоинствена. Практично ова го нема во слеаното име, рече Димитров.

Од Виена истакна дека нема очекувања, туку повеќе надеж. – Се надевам дека ќе направиме напор да се придвижиме, да направиме исчекор. Процесот многу јавно го дебатираме и кога преговарачки позиции излегуваат во јавност стануваат национални позиции и тоа може лошо да влијае на преговорите, рече Димитров.

Тој најави дека Владата по виенската средба, ќе го свика државниот врв и лидерите на најголемите партии на лидерска средба.

Во однос на протерувањето на рускиот дипломат тој поотврди дека одлуката е донсена во многу блиска консултација со сојузниците и партнерите и оти нема дилема дека дипломатот го надминал својот мандат и Виенската конвенција. Членството во НАТО, посочи  е одлука на граѓаните на РМ уште од 93 година и  тоа мора да го почитуваат сите па и најголемите играчи во геополитиката.

–  Ние сакаме во НАТО затоа што мислиме дека тоа ни носи стабилност и затоа што мислиме дека таа Алијанса ќе ни донесе поголем просперитет. Со самото тоа што носи стабилност, политичка стабилност, предвидливост во нашата иднина Македонија ќе стане многу попривлечна за многу покрупни и посериозни инвестиции. Поголемата искреност и нашата решителност ни помага да продолжиме да одиме по патот како што сме почнале 93 година ни помога. Колебливоста и некакво глумење и преправање не ни помага, дава збунувачки сигнали. Посигурни сме, ако даваме прецизни и јасни сигнали какви сакаме да бидеме и каде сакаме да одиме, рече Димитров.

Според него, постои неверојатно зголемен интерес, светски, меѓународен во однос на РМ, што го потврди и посетата на генералниот секретар на НАТО на земјата, а тоа, смета, не е само заради некакви симпатии, туку заради поклопување на интересите, нашите и нивните проценки дека овој чекор ќе донесе стабилност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.