ВМРО-ДПМНЕ и во писмена форма се оградила од правните квалификации во извештајот на комисијата, пренесува Алфа телевизија. Како доказ приложува и копија од оригиналниот извештај каде се гледа дека пратениците Илија Димовски и Благородна Дулиќ, двајцата членови од ВМРО-ДПМНЕ во ад – хок комисијата на писмено се оградуваат од дел од документот.
На последната страна од извештајот, каде што стојат потписите на членовите на комисијата може да се види дека резервата е изразена во писмена форма и е составен дел од него. Под потписот, на Димовски и Дулиќ со нивен ракопис тие додале дека потписот е „без согласност за правните квалификации“.
Телевизијата анализира дека вака изразената резерва во однос на содржината на извештајот потврдува дека оградувањето на ВМРО ДПМНЕ не се сведува само на јавните изјави на премиерот Груевски и пратеникот Димовски, туку тие имаат и официјална форма.




