Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто се помалку Срби летуваат во Охрид?

0
By Нова ТВ on August 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 28, 2013 14:44

На најубавото македонско езеро има се помалку гости од Србија. Причина за тоа се високите цени на апартманите, лошиот имиџ и уште полошата промоција, се вели во анализата на српски „Вечерње новости“.

На почетокот од месец август, најпознатиот македонски туристички центар заличи на туристичка мека, но тој „викендски сјај“ на преполн Охрид само ја отсликува овогодинашната, објективно слаба туристичка сезона во која се чувствува „осека“ на традиционално добрите и секогаш пожелни гости од Србија.

Оваа сезона до 15 септември во Охрид е воведена и мешовита македонско-српска полиција која патролира во градот и долж ривиерата. Меѓутоа, во екот на летната сезона, освен прилив на гости за време на викендите – плажите, летните бавчи, рестораните и кафулињата се необично полупразни.

„Убаво е тоа, но бројот на српските туристи е намален“, вели еден од охридските таксисти на вода. „Охрид сега ги плаќа долговите од претходните години, поради ароганцијата, тепачките, убиствата на младите од Белград, а потоа и влечењето по судови“.

И татксистите кои возат по улиците на градот Охрид сведочат за намаленоста на посетеноста од страна на туристите од Србија.

Според нив „оваа сезона има помалку Срби а тие најдобро плаќаат“, а велат дека можеби се работи и за „најлошата сезона во последните две децении“, се вели во анализата.

Зошто туристите, вклучувајќи ги и тие од Србија, ова лето го заобиколуваат Охрид?

Една од причините се секако високите цени, особено приватните кои не паѓаат под 10 евра. Ниту почетокот на сезоната со лошото време не му одеше во прилог на Охрид. Во исто време, на Јадранот и Егејот, беше сонце, со пониски цени, и тука се гледа падот на големиот процент „традиционално сигурните гости во Охрид“.

За разлика од приватните сопственици на апартмани во Охрид, хотелиерите ќе регистрираат релативно добра сезона. Дончо Танески, сопственик на хотелот „Дончо“, во име на хотелско-туристичката асоцијација на Македонија, смета дека и оваа сезона ќе донесе помал профит за околу 25 отсто.

„Благодарејќи на ланските договори за летување, во хотелите некако ќе се извлече редовен биланс, и покрај тоа што годинава ќе се забележи слаба туристичка сезона“, вели Танески. Со лошата маркетиншка промоција, незаинтересираноста на македонските тур-оператори и неразвиената патна инфраструктура се причините на губењето на туристите од Србија и Бугарија.

Анализата е надополнета со освртот на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски кој говори дека цените на угостителските услуги се високи, и пакет аранжманите не се добри.

„Во тој поглед, ќе се работи на подобрување на имиџот на Охрид. Во тек се припремите за изградба на автопат од Гостивар до Кичево и магистралниот пат Охрид – Св. Наум“, вели тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.