Published: Wednesday, August 28, 2013 15:51
Пуштен е во употреба новиот пат од Прилеп до манастирот „Трескавец“, во должина од 7,5 километри. Патот до манастирот „Трескавец“ го градеше фирмата „Гранит, а за негова реализација од Буџетот се инвестирани 1.400.000 евра.
– Со неговата изградба Прилеп ќе стане уште поатрактивна локација која ќе овозможи развој на манастирскиот, но и други видови алтернативен туризам. Со обновата на конаците се очекува годишна посета од над 50.000 туристи тука во овој манастир изјави премиерот Груевски.




