Според Александар Николоски, Москва не била партнер за ВМРО ДПМНЕ – за разлика од Лондон, Брисел и Вашингтон. Забележителен став, напишаа на Твитер од Руската амбасада во Македонија, споделувајќи твит на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Николоски во кој тој објавил статија од Инфомакс во која вели дека ја поддржува одлуката на Владата да протера руски дипломат.
– И Иванов не се консултира со опозицијата. И претседателот и Владата продолжуваат да носат одлуки без да се консултираат со опозицијата, што мислам дека е голема грешка. Македонија мора да биде членка на ЕУ и НАТО. Наш партнер не е Москва, наши партнери се Брисел, Лондон и Вашингтон. Се разбира, сето ова под услов да се точни информациите со кои располагаме само од медиумите, имајќи предвид дека ние немаме дополнителна информација за едно вакво сериозно прашање – рече Николовски при своето гостување во емисија на Алсат М.