Во Собранието се иницира меѓупартиски Меморандум за разбирање (или собраниска резолуција) со кој се потврдува поддршката за агендата за евро-атлантски интеграции, и обврзаност за воздржување од дејствија кои ја поткопуваат оваа цел.
– Целта е не само да се потврди нашата заложба и на сите парламентарни партии, туку и, на некој начин, да се изрази подготвеност за во иднина да нема попречување на тој пат бидејќи честопати случајно или не, се соочуваме со попречувања на тој пат. Кога велам непопречувањето, мислам попречувањето на самите себе, а не за другите попречувања, изјави премиерот Груевски.
Овој меморандум е обврска која произлегува од мартовскиот политички договор кој ЕК бара да се имплементира до почетокот на октомври.
Во обврските во овој договор покрај другото се бара реформа на изборните закони во согласнот со препораките на ОБСЕ како и продолжување на дијалогот со Здружението на новинарите.




