Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски за денеска закажа Координација со потпреседателите и координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија на која ќе се основа Работната група за имплементација на препораките од извештајот на Комисијата за испитување на настаните во Собранието соопштија од кабинетот на Велјановски.
Препораките, меѓу другото се однесуваат и потребата од усогласување на одредбите помеѓу Законот за Собранието и Деловникот за работа на Собранието, предвидување одредби во Деловникот со кои ќе се уреди начинот на работа на координацијата на пратеничките групи, ревидирање на одредбите од Деловникот кои се однесуваат на постапката за донесување на буџетот, подготовка и усвојување на етички кодекс, зајакнување на улогата и на анкетните комисии и овозможување услови за непречено работење на новинарите кои ја следат работата на Собранието.




