Никаде во светот не се води судски процес против мене. Во понеделник се води судски процес против Лидија Думбалоска, покрената по службена должност од страна на австралиската држава. Секој обид да се покаже поинаку реалноста е обид да се наруши мојот углед, демантира екс-амбасадорот во Австралија Перо Стојановски.
„Остро реагирам на натписите кои се објавени на македонските интернет портали, дека во понеделник на 02.09.2013 во Канбера, почнува судскиот процес против мене. На порталите, изнесени се клевети и невистини, со што е нанесена навреда на мојот личен интегритет“, вели тој.
Стојановски ги демантира информациите откако македонските медиуми објавуваа дека поради уценување и кражба на неговиот лап топ, во љубовната афера со Македонката во Австралија Лидија Думбаловска, случајот завршил со судски епилог.
Со ова мое јавно изнесување на фактите, би сакал да ги демантирам невистинитите информации, кои произлегоa од неколку веб портали, а го загрозуваат мојот углед, заклучува Стојановски.




