Барањето на Фронтот за Слобода на изразувањето за повлекување на законот за медиуми и законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, го пренесе ЕДРИ–Асоцијатата за европски дигитални права.
Асоцијацијата е составена од 32 граѓански организации од 20 европска земја преку редовното издание ЕДРИ-грам, кое освен на веб страната се дистрибуира и во форма на билтен до пратениците во Европскиот Парламент и други институции на ниво на ЕУ.
Во повикот Фронтот за слобода побара да се повлечат законот за медиуми и законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, бидејќи преку нив дополнително ќе се загрози слободата на говор во Македонија, особено со неоправданото опфаќање на печатените и интернет-медиумите со нови регулативи.
>>Фронт за слобода на изразување: Повлечете ги законите
Фронтот за слобода на изразувањето е широка платформа составена од поединци, организации, институции и неформални групи кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – зачувување и унапредување на основното човеково право – слободата на изразување, првенствено во Република Македонија, но и секаде во светот.
Фронтот го сочинуваат следните граѓански организации:
Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Центар за развој на медиуми (ЦРМ), Метаморфозис, фондација за интернет и општество, Цивил – Центар за слобода, Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ), НВО Инфоцентар, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје, Македонски центар за европско образование (МЦЕО), Јавност – Центар за нови политики и слобода на медиуми, Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, Здружение на граѓани Контрапункт.




