Градоначалникот на општина Лозово, Орце Цветковски во изјава за НОВА најавува дека „Сахара груп“ на Субрата Рој ќе ја добие потребната дозвола за отпочнување на градежни активности во комбинатот „Џумајлија“.
Непрецизирајќи го датумот, во телефонски разговор, Цветковски за НОВА вели групацијата на Рој потребните документи ќе ги добие од вторник натаму.
„Медиумите грешка информираат, работата со „Џумајлија“ не може да биде закочена кога девет месеци се работи на истата“, вели тој. „Сахара груп“ ќе добие документација од вторник, а градежните активности не зависат од нас, тоа треба „Сахара груп“ да каже кога ќе започнат“.
Претходно, медиумите во Македонија пренесоа изјава според која градоначалникот на општина Лозово вели дека „Сахара груп“ сè уште немаат добиено дозвола за градба, и дека самиот изразил надеж за средување на документацијата со која ќе ги започнат градежните активности во комбинатот „Џумајлија“.
Со инвестицијата на Субрата Рој најавена е изградба на четири фарми, фабрика за добиточна храна, млекарница, како и ветеринарни станици кои ќе ги опслужуваат фармите.
Пред два дена министрите за финансии и за земјоделство, Зоран Ставрески и Љупчо Димовски, со орање на првите бразди ја промовираа, според нив, најголемата инвестиција во земјоделството која ќе чини над 200 милиони евра.




