НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенцијата за млади ја повлече збирката со дискриминаторски содржини

4
By Нова ТВ on April 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и се извини на јавноста и рече дека ќе биде повлечен тиражот на збирката „Млади поети“ кои се уште не е диструбиран, а во која се објавено две песни со контроверзна содржина.

„Во овие две песни има недолична содржина. Според мене, содржината дискриминира и шири говор на омраза и јас како директор на Агенцијата за млади сум против ваква содржина и го сметам за грешка. Агенцијата за млади ја почитува слободата на говор, но истовремено се противи на каков било говор на омраза и дискриминација базирана на родова, етничка или каква било друга основа“, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Каевски вели дека пред објавувањето на збирката била ангажирана надворешна комисија која требала да направи евалуација на трудовите. Тој цитираше членови од решението за формирање на стручната комисија во кои стои дека комисијата треба да  изврши селекција на песните и за тоа ќе го информира директорот на Агенцијата.

„Моите очекувања беа дека овие членови на стручната комисија ќе реагираат и нема да дозволат ваква содржина да биде објавена. За жал, тоа не се случи“ вели Каевски.

Каевски рече и дека денеска разговарал со претседателот на комисијата. Тој му рекол дека не знаел дека треба да прават селекција и да отфрлаат песни. Исто така, го застапувал ставот дека треба да има слобода во изразот и во говорот.

Каевски кој е потпишан како уредник на збирката, вели дека потписот го ставил за постапката, а не за содржината на песните. Тој неколку пати истакна дека чувствува морална одговорност, и најави дека ќе  истражи за да се утврди каде е вината за пропустот.

„Јас не ја насочувам вината само кон Комисијата, туку ја насочувам и кон мене како директор и затоа реков, ќе направиме се што е можно да ја детектираме вината. Секој што треба да одговара, ќе одговора – вклучително и јас“ рече Каевски.

 

Од планираните 50 илјади примероци биле испечатени 5000 и вчера почнала нивната дистрибуција. Оние примероци што не се дистрибуирани, ќе бидат повлечени. Тие чинат 150 илјади денари – штета што ќе ја плати одговорниот за овој случај.

Проектот во Агенцијата за млади и спорт се спроведува веќе 4 години. Во збирките, секоја година биле  објавувале сите песни кои пристигнале на конкурсот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.