Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, испрати денеска писмо до премиерот Никола Груевски, во кое нагласува дека е неприфатливо продолжувањето на притворот за новинарот Томислав Кежаровски за уште 30 дена.
“Затворање на новинари за нивните пишување не е прифатливо во едно демократско општество. Ова е единствениот случај во регионот на Западен Балкан, каде се држи еден новинар во затвор во очекување на судски процес. Јас сум загрижена поради неговото апсење и прекумерно долгиот притвор, како тие негативно влијание врз слободата на медиумите во вашата земја”, рече Мијатовиќ.
ОБСЕ потсетува на ставот и на ОН, односно на Франк Ла Ру, Специјалниот известувач на ОН за промоција и заштита на правото на слобода на мислење и изразување, кој рече:
“Како што кажав по мојата неодамнешна посета на земјата, Томислав Кежаровски треба да биде ослободен веднаш. Прекумерна мерки како што е неговиот продолжен притвор служат само да ги заплашат новинарите и длабоко да ја повредат независноста на медиумите. Демократиите никогаш не може да работат правилно кога критичките гласови се замолчени. “




